Почетна МакедонијаНетанјаху: Војната во Газа не е ни блиску до крајот и ќе трае долго

Нетанјаху: Војната во Газа не е ни блиску до крајот и ќе трае долго

од nenad
1 минути читај за




Бенјамин Нетанјаху / Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека без воен притисок, Израел нема да успее да ги ослободи преостанатите заложници во Газа.
За време на својот говор во израелскиот парламент, тој истакна дека без него повеќе од 100 заложници немаше да бидат ослободени, пренесе Ројтерс.

   

Претходно тој истакна дека војната во Појасот Газа „не е ни блиску до крај“ и дека „ќе трае долго“. Израелскиот премиер ги отфрли како лажни медиумските шпекулации дека неговата влада би можела да ги прекине борбите против исламистичкиот Хамас.„Продолжуваме да се бориме и во наредните денови ќе ги засилиме борбите“, рече Нетанјаху, обраќајќи им се на членовите на неговата партија Ликуд во Кнесетот.Шефот на израелската влада најави дека Израел во наредните денови ќе ја прошири копнената офанзива во Појасот Газа и покрај меѓународните напори да ги запре борбите. Нетанјаху зборуваше по враќањето од посетата на израелските војници кои се борат во Појасот Газа, веднаш откако Египет го претстави амбициозниот предлог за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас, објави АП.