Пејачката реши да ја открие вистината за односот со колешката и да ги замолкне сите гласини.
По цели 15 години, Ивана Селаков конечно одлучи јавно да проговори за наводниот конфликт со Драгана Мирковиќ, за кој со години се шпекулираше во медиумите. Таа објасни дека немало вистинска кавга, туку само недоразбирање кое медиумите го претвориле во сензација.
Тоа беше медиумски пренадувано. Имаше некој несоглас пред многу години, но не сум во расправија со неа. Немам лошо мислење за Драгана и немам проблем тоа јавно да го кажам“, изјави Ивана Селаков.
Селаков истакна дека нејзиниот однос со колегите од естрадата е коректен, но дека најблискиот круг на пријатели ѝ се луѓе кои не се дел од јавната сцена.
Поврзани објави
Тие се луѓе со кои сум опуштена и кои ме сакаат независно од мојата професија“, додаде таа.
Со оваа изјава, пејачката стави крај на шпекулациите за бојкот на нејзините спотови на телевизијата на Мирковиќ и потврди дека помеѓу нив нема проблем. За неа, минатото е завршена приказна која не носи тежина.
printskrin Instagram Dragana Mirković