Тамара Тодевска и Дениз Абдула се главните актери во краткото, ефектно видео со кое е најавено новото издание на „ReTРН“, а нивната заедничка сцена веднаш привлекува внимание.
Наместо класична најава за интервју, двајцата влегуваат во сопствена филмска атмосфера, со погледи, гестикулации и изрази на лицето кои оставаат впечаток дека зад неколкуте секунди се крие цела приказна.
А зборовите?
Речиси и да не се потребни.
Римејк на „Bad Times“ со македонски шмек
Видеото е осмислено како своеобразен римејк на виралниот хит „Bad Times“, но овојпат во главните улоги се Тамара и Дениз.
И токму тука е шармот.
Поврзани објави
Сцената е едноставна, но енергична – камерата ги следи нивните изрази, музиката го носи ритамот, а целата атмосфера остава впечаток на нешто помеѓу музички спот, кратка комедија и намерно претерано драматична сцена.
Тамара, која периодов е особено активна со својот нов музички проект „Кукла жива“, повторно покажува дека не се плаши да излезе од класичната рамка на музички настап. Нејзиниот визуелен проект е замислен како поширока уметничка приказна, со музика, визуелен идентитет и силни лични теми.
Овојпат, пак, нејзин партнер пред камерата е Дениз – и комбинацијата функционира токму затоа што двајцата имаат сосема различна, но подеднакво препознатлива сценска енергија.
Видео: Инстаграм