Почетна ЕкономијаНека се поддржат локалните манифестации и саеми на областа на земјоделството.

Нека се поддржат локалните манифестации и саеми на областа на земјоделството.

од nenad
1 минути читај за

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денес објави јавен повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој за организирање локални манифестации и саеми. За годинава се предвидени 10 милиони денари за поддршка, а максималниот износ по корисник изнесува 120.000 денари. Можат да аплицираат здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, јавни научни установи и истражувачи, образовни институции, единици на локалната самоуправа, стопански комори и задруги. Прифатливи трошоци за поддршката вклучуваат инвестиции за закуп на простор, изнајмување на штандови, бина, аудио и видео опрема, огласување во медиуми, набавка на промотивен материјал итн. Постапката за избор на корисници се спроведува од посебна комисија врз основа на евалуација. Минатата година доделиле 47 договори за поддршка на веќе познати локални манифестации и саеми, а вкупната финансиска поддршка беше во износ од 5 милиони денари. Оваа година ја удвојуваат вредноста на поддршката и ставаат на располагање 10 милиони денари за сите оние кои имаат добри и издржани идеи и кои ќе ги исполнат условите дефинирани во повикот.