Поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, денеска се огласи преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.Насместо одмор, и средби со најблиските, како што вообичаено си го замислиуваме овој ден, тој влезе во операционата сала во надеж дека ќе придонесе за подобро здравје на пациентка чија здравствена состојба не дозволувала одлагање на операциониот зафат.
– Неделното утро го започнав со моите млади колеги во хируршката сала на Клиниката за неврохирургија. Извршивме итна операција на пациентка со туморско крварење во мозокот. По операцијата, пациентката е префрлена на интензивна нега.Едукацијата на младите колеги е клучна за развојот на Клиниката, тие се мојот верен тим во операциона сала – напиша Филипче на Фејсбук.
Неговата објава очекувано предизвика бројни реакции од граѓаните кои секако го пофалија за неговиот гест и за неговата беспрекорна работа.