Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека како последица од невремето на територијата на град Охрид и Општина Дебарца се пријавени повеќе штети и поплавувања на станбени, деловни објекти, подрумски простории, штета на кровни конструкции, соларни панели како и земјоделски насади. Екипите со вработени од јавните претпијатија се постојано на терен со цела механизација со која се располага. Колекторот е ставен во функција, а се чистат и сливниците каде што што има проблем со фекална и атмосферска канализација. Во моментот нема врнежи од дожд и град, водата од улиците е повлечена и до крајот на денот целиот град се очекува да биде исчистен.
Општина Охрид, заради големиот број штети, а да се интервенира според приоритетите и денеска да се испумпа водата од објектите и куќите за да се помогне на најзагрозените, информира дека жителите на Општина Охрид настанатите штети од невремето може да ги пријават до 30.06.2023 година (петок).
.