Почетна ЕкономијаНа „Табановце“ и „Богородица“ – чекање од 30 до 40 минути

На „Табановце“ и „Богородица“ – чекање од 30 до 40 минути

од nenad
1 минути читај за

Поради засилен интензитет на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез во земјата и на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата, времето на чекање се движи од 30 до 40 минути.

На другите гранични премини од македонска страна, не се забележуваат поголеми задржувања при влез и излез од државата.

Како што известува АМСМ, денес од 8:00 – 17:00 часот заради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во застој.

Во временскиот период од 09:00 часот до 14,00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потегот на место викано Салон, кај ресторан „Фемили“ по регионалниот пат Куманово кон граничен премин „Пелинце“ до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.

Повремено блокирање на регионалниот пат Куманово – граничен премин „Пелинце“ е предвидено и за утре.

АМСМ советува прилагодена брзина на возење, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои веројатност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.