Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ на својот концерт во Црна Гора се појави во два фустани од познати светски брендови…
Александра Пријовиќ со месеци настапува низ регионот на концертната турнеја „Од исток до запад“. Пејачката пее пред преполни арени и концертни сали, а она што е специфично за нејзините концерти е тоа што неколку пати се пресоблекува.
Така беше и минатиот викенд, кога таа настапи во Будва, во најголемата дискотека на Балканот.
Прија по тој повод донесе два фустани за кои платила цело богатство.
Синиот фустан со едно рамо и голем шлиц и со два брошеви ја чинел пејачката 2.422 евра. Од друга страна, малку поекстравагантниот фустан од сребрени циркони ја чинел 2.130 евра.
Поврзани објави
Очекувано облекла и скапи чевли, а за сандали со светки од познатиот бренд „Џими Чу“ најмногу платила – 2.935 евра.
Кога се ќе се собере, само за овој настап, за два фустани и чевли, Александра искеширала 7.487 евра, односно нешто помалку од 900.000 динари.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: