121
Косовскиот премиер не бил во возилото што учествувало во сообраќајката, јавуваат локалните медиуми. Автомобил од придружбата на косовскиот премиер Албин Курти доживеал несреќа на пат кон Гњилане, но никој не е повреден. Курти објаснил дека несреќата се случила додека се враќале од базата Белведере, која се наоѓа во јужниот дел на Косовска Митровица. Оваа база ја користат специјалните единици на косовската полиција. Курти не бил во возилото што учествувало во несреќата, јавуваат локалните медиуми.