57
Утрово во 10 часот камион удри во автобуска станица во Израел, во близина на Тел Авив. Повредени се најмалку 24 лица, пренесува Гардијан. Многу од повредени биле постари лица. Возачот на камионот бил застрелан од цивилите кои се наоѓале околу автобуската станица, потврдува израелската полиција. Полицијата сè уште нема коментирано дали станува збор за терористички напад. Од повредените, најмалку 16 лица биле хоспитализирани. Еден од нив е во „критична состојба“ и е во операциона сала.