Ако сте посветени на здравата исхрана, веруваме дека многу пати сте уживале во здрав пијалок мача и сте подготвиле чиа пудинг – но дали некогаш сте се обиделе да ги комбинирате тие два вкуса?
Мача чиа пудингот е богат со антиоксиданси, ја поттикнува мозочната активност, идеален како појадок, а рецептот навистина лесно се подготвува.
Состојки:
Поврзани објави
- јогурт од кокос
- две лажички чиа семе
- една лажичка мача во прав
- кокосово млеко (по избор)
Подготовка:
Прво измешајте кокос јогурт и кокосово млеко со семето од чиа и оставете да отстојат преку ноќ во фрижидер (или барем еден час) за да се создаде препознатливата текстура на чиа пудинг.
Потоа внимателно измешајте го прашокот за мача и декорирајте по желба со бобинки и јаткасти плодови, мед или семки.