Голден Стејт се обидува да се засили и да си ги зголеми своите шанси за освојување на НБА титулата, па така сега носи големо засилување. Имено, најдобриот кошаркар од последното Светско првенство во 2023 година Денис Шрудер ќе биде нов кошаркар на Голде Нстејт кој пристигнува од Бруклин во трејд со Деантино Мелтон.
Шрудер и во актуелната сезона во НБА лигата има одлични бројки. Во просек постигнуваше 18.4 поени со 6.6 асистенции и 1.1 украдена топка, додека процент на успешност на шутот од игра му беше на 45%, а 38% за три пеони. Во Голден Стејт се очекуваа Шрудер да биде третиот бек во ротацијата со Стеф Кари и Бади Хилд, но и клучен играч за одмор на Стеф Кари во долгата сезона.