Почетна Убавина и здравјеНајголемата љубов на Бред Пит била ТАА! – Убавина и здравје

Најголемата љубов на Бред Пит била ТАА! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Како што тврдат многумина, најголемата љубов на Бред Пит била актерката Гвинет Палтроу

Иако Бред Пит стана најпознат по врските со Анџелина Џоли и Џенифер Анистон, неговата романса со американската актерка Гвинет Палтроу во 1990-тите години остана запаметена како една од неговите најинтензивни љубови.

Нивната врска пред 27 години за малку ќе завршела со брак, но завршила со раскинување што ја изненади и разочара јавноста.

Сè започнало на снимањето на филмот „Седум“ на Дејвид Финчер, каде што се запознале и набрзо станале неразделни. Нивната љубов цутела за време на снимањето и продолжила и откако камерите завршиле со снимање.

Јавноста воодушевено ја прифатила нивната врска, уживајќи во сликата на совршена холивудска двојка.

Во 1996 година, Бред и Гвинет ја објавиле својата свршувачка, а прославата по повод нивниот иден брак веќе била испланирана. Но само неколку недели пред венчавката, тие одлучиле да ја одложат, тврдејќи дека и понатаму се во стабилна љубовна врска. За жал, десет месеци подоцна, по нивното патување во Париз, тие раскинале, а причините за тоа долго останале мистерија.


Поврзани објави

Дури неколку години подоцна Гвинет открила зошто одлучила да ја прекине врската со Бред.

„Бев дете! Имав само 22 години кога се запознавме. Дури кога наполнив 40 години сфатив колку сум била глупава на таа возраст. Не бев подготвена, а тој едноставно беше предобар за мене во тој момент“, открила актерката присетувајќи се на тие денови.

Освен што нивната љубов била посебна, многумина посочувале уште еден интересен феномен – за време на врската, Бред и Гвинет почнале да личат еден на друг. Оваа теорија неодамна повторно стана главна тема на социјалните мрежи, каде што Гвинет со доза на хумор го прокоментира овој тренд.

На Инстаграм, во објава каде што Бред е опишан како човек кој сака да изгледа исто како и неговите девојки, актерката духовито одговорила:

„Или ние сакаме да изгледаме како него.“

Иако нивните патишта се разминале, љубовта меѓу Бред Пит и Гвинет Палтроу остана еден од најубавите, но и најтажните примери за врска која можела да трае вечно. Нивната приказна е потсетник за тоа колку се важни тајмингот и зрелоста во љубовта, дури и кога сè се чини совршено.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @bradpittofficial, @gwynethpaltrow