Мачките ги бие глас дека се најнечувствителните домашни миленици, но научните истражувања го докажуваат спротивното
Научните истражувања откриваат дека мачките можат да доживеат емоција слична на човечката тага. Траењето и интензитетот на тагата кај мачките може да варира во зависност од индивидуалните карактеристики на животното и неговиот однос со покојникот. Реакцијата на мачките на загубата може да зависи не само од емоционалната поврзаност, туку и од промените во секојдневниот живот предизвикани од отсуството на сопственикот.
Знаци на тага кај мачките:
Кога мачката доживува загуба, без разлика дали се работи за загуба на животинчето со коешто живеела или на сопственикот, нејзиното однесување може значително да се промени.
Еве неколку знаци на кои треба да се обрне внимание:
1. Апатија: Мачката може да стане помалку активна и да изгуби интерес за игри и вообичаени активности.
2. Барање самотија: Животното може почесто да се крие и да одбегнува контакт со луѓе.
Поврзани објави
3. Зголемена потреба за внимание: Некои мачки, напротив, стануваат понаметливи и бараат повеќе љубов.
4. Вокализација: Вашиот миленик може да почне да мјаука почесто од вообичаено или обратно, да стане невообичаено тивок.
5. Потрага по покојните: Мачката може да ја бара исчезнатата личност или животинче така што ќе ги проверува местата, каде што тие обично поминувале време.
Физички манифестации на тага
Емоционалната состојба на мачките може да влијае и врз нивното физичко здравје:
- Промени во апетитот – Тажната мачка може да одбива да јаде или обратно, да јаде повеќе од вообичаено.
- Нарушувања во спиењето – Животното може да спие повеќе.
- Митарење – Стресот и недостигот од нега може да доведе до зголемено опаѓање на нејзините влакна.
- Проблеми со варењето – Нервозата може да предизвика лоша дигестија или констипација.
- Намален имунитет – Долготрајниот стрес може да доведе до зголемена подложност на болести.
ФОТО: Mikhail Vasilyev / Unsplash