Почетна ЕкономијаНаучен собир во Битола: МНД одбележа 1140 години од смртта на Свети Методиј

Научен собир во Битола: МНД одбележа 1140 години од смртта на Свети Методиј

од nenad
1 минути читај за

Македонското научно друштво – Битола го прослави Денот на сесловенските просветители со научен собир посветен на 1140 години од упокојувањето на Свети Методиј.

На научната средба во Битола беа анализирани историските, јазичните и културните аспекти на творештвото на Св. Методиј, а свои академски презентации имаа доцент д-р Анита Ангелевска, проф. д-р Валентина Гулевска и м-р Иле Велков.

“Научниот собир не беше само почит кон Св. Методиј, туку и сведоштво за потребата од континуирана научна работа и меѓусебна размена на знаење столбови врз кои се гради иднината на академска сцена.”

Проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска, претседателка на МНД-Битола, посочи: “Со овој настан нашето Друштво го одбележа и денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.”

Македонското научно друштво го организираше научниот собир во Битола во соработка со невладината организација Културал Конекшн од Битола.