-Тука би ги разграничил претставки кои се однесуваат на висината на платата на надоместоците во администрирањето на брзите кредити и вториот дел злоупотреба на идентитетот при користење на брзите кредити. Ова второ мислам дека е многу болно и тука треба да се преземат сериозни мерки. Во таа насока беше и свикувањето на таа координативна средба, вели Зибери.
Посочи дека пред извесно време имало законска измена во Законот за финансиско работење на финансиските друштва, а по препорака на Народниот правобранител. Со овие измени се ограничуваат злоупотребите, но какошто вели Зибери македонското Собрание не најде храброст да стави уште една препрека, а тоа е начинот на кој аплицираат граѓаните за брзите кредити.
-Тоа е електронското аплицирање преку украдени лични карти. Мислам дека на средбата кај Грковска ова прашање е детектирано како проблем, иако ние од отпочетокот ние баравме ова прашање да се реши, вели Зибери.Посочи дека честите злоупотреби при вадење на брзи кредити ги загрозуваат правата и интересите на граѓаните.