Белите фармерки се незаменливo модно парче во потоплите месеци, а еве кои обувки може да бидат вистински хит ова лето. За комбинацијата да изгледа стилски, а не обично, важно е внимателно да се изберат боите на чевлите. Еве неколку проверени избори:
Бели чевли
Монохроматскиот изглед секогаш изгледа чисто и модерно. Идеални се белите патики со светли парчиња, како крем кардиган.
Црни
За поелегантен ефект, црните балетанки се вистински погодок. Додајте црн ремен и чанта за усогласен изглед.
Беж
Оваа неутрална нијанса функционира цела година. Апостолките или сандалите во беж тонови даваат лежерен, но софистициран впечаток.
Поврзани објави
Маслинесто-зелени
Овие сандали внесуваат рамнотежа и суптилен контраст со бел тексас, особено во комбинација со тексас кошула.
Црвени
Ако сакате да се истакнете, црвените чевли се вистински избор. Одлично се комбинираат со детали во иста боја и му даваат енергија на аутфитот.
Текст: Убавина и здравје
Фото: Pexels/Tima Miroshnichenko