Почетна Убавина и здравје„Напорната работа се исплати“! Ова се резултатите – Убавина и здравје

„Напорната работа се исплати“! Ова се резултатите – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Лука постигна нов успех на тенискиот терен и се закити со признание за првото место на турнирот „Glenview End of Summer“. Гордиот момент пејачката го сподели со своите следбеници.

Александра Пилева има голема причина за гордост, но овојпат поводот не е поврзан со музиката. Нејзиниот син Лука постигна нов успех во тенисот во САД, каде што веќе подолго време живее со своето семејство. Пејачката сподели фотографии од неговиот успех на социјалните мрежи.

Лука го освоил првото место на петтото ниво на турнирот „Glenview End of Summer“. На фотографиите тој е на тенискиот терен со освоеното признание, а Александра со кратка, но емотивна порака ја сподели радоста со своите следбеници.

Напорната работа се исплати. Многу сме горди“, напиша таа.

За семејството ова е уште еден убав момент откако пред 13 години го започнале животот во Америка. Александра и нејзиниот сопруг Зоран Чадиев во 2013 година се преселиле во Чикаго, каде што продолжиле да го градат својот живот. Зоран на македонската јавност ѝ е познат и како поранешен тренер на женската одбојкарска репрезентација.

Иако одамна не е постојано присутна на македонската естрада, Александра не ја напуштила целосно музиката. Во САД изградила и професионална кариера како агент за недвижности, а повремено настапува, особено пред македонската заедница. Таа остана запаметена по моќниот вокал и по песните „Ангел мој“ и „Нема утеха“.

Токму со „Нема утеха“ Пилева победи на „Макфест“ во 2004 година и го потврди своето место меѓу впечатливите женски вокали на македонската поп и рок-сцена. Денес, наместо фестивалска сцена, во центарот на нејзиното внимание е семејниот живот и успесите на нејзиниот син. А последниот повод за славење пристигна директно од тенискиот терен во Америка.

Фото: Фејсбук/Александра Пилева