Главна вест во регионот е убиството на грчкиот навивач пред неколку дена од страна на хрватските хулигани, а порталот „Њусит“ објави текст во кој пишува дека навивачите на Динамо Загреб велат дека не се виновни за хоророт во Атина.
Хрватите се пожалиле дека биле нападнати од страна на грчки семејства кај стадионот на АЕК, иако не сакале да прават проблеми и сакале да останат на одмор кај нашиот јужен сосед.
„Хрватските хулигани тврдат дека пристигнале во Грција за да го поддржат својот тим, иако знаеле дека е забрането. Тие сакале да го гледаат мечот, а дел од нив тврделе дека се на годишен одмор во Грција“, пишува грчкиот портал.
Извор: sport1.mk