Утрешниот дуел од второто квалификациско коло за Конференциската лига кој се игра во Скопје, на Градскиот стадион од 21:00 часот помеѓу екипите на Шкупи и Левски Софија има свои пропратни елементи кои мора едноставно да бидат истретирани.
Организаторот има полни раце работа, затоа што како што е известена јавноста Левски за своите навивачи, побарал 1600 билети. Колку од нив ќе пристигнат ќе видиме, а она што мора да се напомене е дека истите ќе бидат сместени на западната трибина.
Навивачите на Левски ќе имаат можност да гостуваат на модерен стадион – имале и пуста желба да бидат сместени на култниот Запад, домот на најголемата и најмоќната навивачка група во Македонија, домот на Комитите. Останува да видиме како ќе мине овој натпревар и дали ќе има провокации од некоја страна.
