Не им остана должна
Започна емитувањето на новата сезона на „Ѕвезде Гранда“, а во исто време, но на друга телевизија беше емитувана снимка од неодамнешниот концерт на Карлеуша од Белград.
Гранд тврди дека Јелена го фотошопирала графиконот со податоци за гледаност, со што ја „залажувала јавноста тврдејќи дека нејзиниот настап на споменатата телевизија бил најгледан“.
За оние кои не се во тек, Карлеуша и продукцијата на Гранд веќе не се во добри односи.
Поврзани објави
Да потсетиме, Јелена до неодамна беше членка на жирито на овој музички натпревар.
„Гранд кој испраќа на медиумите соопштенија дека тие биле погледани и ме навредуваат – тоа е тажен но очекуван потег. Во нивните табели без точно време и минути кога се мери гледаноста, никој веќе не верува. Кој губи има право да се лути, но сами си се виновни. РИП за „Ѕвезде Гранда“, уште од лани“ – напиша Јелена.