Гинеколог открива што се случува со женското тело кога долго нема интимни односи
Гинекологот Лиз Листер открила што се случува со женското тело ако долго нема интимни односи:
„Ова не е нешто што моите пациентки често го споменуваат, веројатно затоа што се срамат, но тоа е еден голем проблем! Колку подолго немате секс, толку понепријатни ќе ви станат интимните односи“, рекла Лиз и објаснила зошто е тоа така.
„Ова се случува бидејќи ткивото станува опуштено и дотокот на крвта во тоа подрачје се намалува, поради тоа што телото нема навика да се подготви за полов однос. Тоа е како вежбањето, станува попријатно кога ќе стекнете навика. Ова им се случува на жените на секоја возраст“, навела докторката и додала:
„Не заборавајте дека сексот и оргазмот се поврзани со посилниот имунитет и подоброто здравје на срцето. Ако поминало извесно време од вашето последно сексуално искуство, користете лубриканти! А ако сте соло, најдете помагала.“
Поврзани објави
Кога станува збор за контрацепцијата, Лиз Листер вели:
„Колку помалку се плеткате во работата на вашите хормони, толку подобро. Многу жени се плашат од спиралите, бидејќи тие се користат повеќе од 40 години, но денешните спирали се многу поефикасни и посовремени од тие во минатото. Анкета од 2013 година објавена во магазинот на Американскиот конгрес на акушери и гинеколози, открила дека гинеколозите трипати почесто одбираат спирала наместо други форми на контрацепција. Постои причина за тоа: не само што се 99 отсто поефикасни, туку можат да ги контролираат и обилните менструации и менструалните грчеви, притоа ослободуваат хормони локално, а не системски, како што го прават тоа контрацепциските пилули“, тврди докторката.
ФОТО: Yohann LIBOT / Unsplash