Почетна ЕкономијаМицкоски: Центри на моќ се обидуваат да внесат страв пред изборите

Мицкоски: Центри на моќ се обидуваат да внесат страв пред изборите

од nenad
1 минути читај за

Околу дваесеттина поединци се идентификувани за кои има сериозни индикации дека се поврзани со пожарите.

Премиерот Христијан Мицкоски денес, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Јегуновце, изјави дека за жал, постојат моќни кругови кои настојуваат да предизвикаат страв и паника кај населението, во пресрет на изборите.

“Додека сум јас во Јегуновце заседаваат врвот на структурите на МВР, идентификувани се од прилика дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади овој процес.”

Премиерот додаде: “Истовремено имавме одредени дојави што ги собиравме изминативе денови и во координирана акција МВР со Министерството за животна средина ќе постапува во деновите коишто следат, така што за жал има структури кои на ваков начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир, но како што кажав тие ќе контруираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме, и на крај повторно ќе победиме”.

Мицкоски истакна дека утрово се појави јасна снимка на чин на палење на објект којшто пламна во 4 часот и 30 минути. Овој пожар се случи во автосервис во населбата Пинтија.

“Бев континуирано на линија и со градоначалникот на Општина Кисела Вода, и со министерот и со луѓето од ППЕ Скопје.”

Тој заклучи: “Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ тоа што го зборувам цело време дека, за жал, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните, пред изборите, и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една кратка анализа ќе го добиете”.

ев/са/Фото: Принтскрин .

Извор: МИА