Почетна МакедонијаМицкоски: Пронајдовме арсенал доволен да се опреми една чета

Мицкоски: Пронајдовме арсенал доволен да се опреми една чета

од nenad
1 минути читај за

Повикувам граѓаните да бидат мирни и да знаат дека со оваа Влада треба да биде спокојни – рече премиерот. Само пред два дена се најдени 200 грама експлозив, коишто се доволни да кренат во воздух било која поголема зграда, на пример, на Владата, Парламентот … Пронајдени се и 14 40-милиметарски гранати, неколку автоматски пушки, од современо производство. На ова исто така му претходеше еден ваков арсенал, доволна да се опреми една чета. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски како одговор на обвинувањата дека владата дозволила Артан Груби да избега.

– Сега се поставува прашањето како тие што сега сакат да дефокусираат, не успеале да направат ништо за 7 години, а ни за помалку од 6 месеци молевме за трпение и преку една робустна акција влеговме во разбивање на една ваква криминална структура. Повикувам граѓаните да бидат мирни и да знаат дека со оваа Влада треба да биде спокојни – рече Мицкоски.