Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување за значителен пораст на домашниот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал, базирано на најновите економски индикатори.
На новинарско прашање во врска со последните податоци од Државниот завод за статистика за состојбата во индустриското производство, Мицкоски истакна: „Сите индикатори што се објавуваат за првиот месец од вториот квартал се вонредно високи, тоа е четврти квартал од оваа Влада, што може да укаже на тоа дека состојбата е стабилизира во рамките на нула, не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме“.
Мицкоски истакна дека има зголемување во преработувачката индустрија од приближно 6,6 проценти, а исто така забележа и раст на прометот во индустриската трговија на меѓународниот пазар.
„Покрај растот на трговијата во индустријата од шест проценти, она што мене ме радува е што расте преработувачката индустрија од 6,6 проценти, расте прометот со трговијата во индустријата на меѓународнот пазар значи извозот тоа е многу важно за прометот и тој многу повеќе расте од домашниот, домашниот има мислам има околу 1,5 пад, додека пак растот на прометот на трговијата во индустријата надвор е околу 7,5 проценти“.
Тој додаде: „Да не го заборавиме параметарот издадени одобренија за градење во ноември има 38,9 проценти повеќе во однос на лани во април“.
Мицкоски, кој присуствуваше на манифестацијата „Од нива до трпеза“ во Општина Аеродром, рече дека бројот на туристи е зголемен за околу 20 проценти.
Тој оцени дека ова се охрабрувачки знаци и дека е регистриран и раст на кредитите од страна на правните лица.
„Растот на кредитите, исто така од страна на правните лица е поголем за инвестиции во основни средства околу 16 поценти и ова се параметри кои укажуваат дека во вториот квартал би требало да имаме еден извонредно висок раст на БДП“.
На крајот, Мицкоски појасни: „Да не бидам погрешно сфатен кога зборувам за БДП зборувам за нашиот не зборувам дека нашиот по куповна моќ или волумен на пари е трет или четврт, но кога зборуваме за раст процентуално во однос на нашито тогаш ние во првиот квартал бевме четврти во Европа, а ако продолжат овие трендови можеме да бидеме некое место погоре“.