Европската комисија не сака да навлегува во коментари за барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени наместо до Втората мегувладина конференција, да почна да важат од моментот кога земјите членки ќе почнат да го ратификуваат протоколот за влез на Македонија во Унијата, односно по завршувањето на преговорите.
Портпаролката на Комисија, Ана Писонеро, за Канал 5, вели дека членот 6 од заклучоците на Советот е јасен и предвидува следната меѓувладина конференција да се одржи без одложување, дури откако Македонија ќе ја спроведе преземената обврска за промена на уставот.
-Не коментираме внатрешни дискусии. Заклучоците од Советот минатата година се јасни: Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристапување,Советот, исто така, одлучува да свика друга меѓувладина конференција со цел да ја претстави Преговарачката рамка и тековната состојбата на подготвителните работи извршени од страна на Комисијата и e подготвена да ја одржи истата без дополнителни одложувања или дополнителна политичка одлука, веднаш штом Македонија ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури.- стои во одговорот од Европската Комисија.
Барањето на Мицкоски за промена на условот поставен во Заклучоците на Советот на ЕУ, отвори дебата и во експертската јавност.. Според Марко Трашоновски од Инситутот за демократија, Македонија во моментов нема голем простор за маневр со уставните измени, бидејќи обврската е веќе преземена, а за нејзината промена потребна е согласност од сите 27 земји-члнеки, вклучително и Бугарија.
-Преговарачката рамка дефинитивно не може да се промени. Одложена примена на уставните измени не е можна спроед овој протокол кој за жал го преговаравме на таков начин и кој гледаме дека е дел од преговарачкиот пакет за кој се зброеше дека не е. Според овие документи, ние немаме можност за поинаква примена на овие определби и заложби кои сме ги зеле за промена на уставот.-Марко Трошановски.
За разлика од барањето за промена на условот за продолжување на преговорите, во ЕУ има разбирање за загриженоста за идентитските прашања.. Од ЕК, велат дека македонскиот јазик е дел од преговарачката рамка, а Претседателката на комисијата Фон Дер Лајен за време на посетата на Скопје нагласила дека Унијата ги почитува македонскиот идентитет и јазик.. Освен ова, веќе е најавено дека една од најмоќните држави во ЕУ до крајот на месецот ќе донесе Декларација со која ќе потврди дека овие прашања не се и не може да бидат дел од преговарачкот процес.
