Денес е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик, ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините, дел од тие средства ќе бидат реализирани во овој буџет, останатиот дел дополнет со оние средства коишто недостигаат ќе биде со следниот буџет за следната година.
Согласно првиот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа денес вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари. Денес се потпишуваат договорите кои се темелат на 6 владини одлуки, поделени на 6 клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти. Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици се до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра. Сакам да апелирам општините да изработуваат квалитетни проекти и тие ќе бидат реализирани. На овој начин државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе на Македонија.