94



Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред Владата го пречека српскиот премиер Милош Вучевиќ. Како што информира владината прес-служба, во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателите на владите од двете земји.
Потоа и пленарна средба меѓу двете делегации, по што ќе следи потпишување меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и српското Министерство за рударство и енергетика. Предвидена е и заедничка прес-конференција на Мицкоски и Вучевиќ.