Почетна ЕкономијаМицевски и Стојаноски порачаа: Повисоки пензии и грижа за младите

Мицевски и Стојаноски порачаа: Повисоки пензии и грижа за младите

од nenad
1 минути читај за

Членовите на парламентот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Бојан Стојаноски, денес споделија заедничко видео на Фејсбук, по повод изгласувањето на актите за покачување на пензиите и за ваучери за студентите, со што се подобрува квалитетот на живот за студентите и пензионерите.

“Денеска во Собранието гласавме два исклучителни закони. Закони кои што се за борба со нееднаквоста но и зголемување на стандардот на пензионерите”, изјави Мицевски.

Тој додаде: “Зголемување од 2 000 денари кое што со претходното од 5000 денари, значи вкупно зголемување од 7000 денари по пензионер месечно.” Мицевски е исто така и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски пак, нагласува дека со законското решение за ваучерите, 55 000 студенти, без разлика дали студираат на државните или приватните факултети, ќе добијат по 15 300 денари за да можат да си обезбедат техничка опрема.

“Така ние се грижиме за нашите граѓани”, заклучи Стојаноски.

Собранието усвои закони со кои рамномерно се зголемуваат пензиите за сите пензионери за 2,000 денари, а секој студент ќе добие по 250 евра или 15,300 денари за електронски уред.

вг/дма/Фото: Принтскрин
Извор: МИА