Поголема безбедност за граѓаните преку унапредување на соработката со Европската Унија, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
На денешната средба со Делегацијата на Европската служба за надворешни работи (EEAS) и евроамбасадорот Михалис Рокас, ја потврдивме заедничката определба за продлабочување на одбранбената соработка и засилено вклучување во европските безбедносни иницијативи. Благодарност за континуираната поддршка на Европската Унија, која преку Европскиот мировен фонд и останатите механизми придонесува за зајакнување на капацитетите на македонската Армија, истакна Мисајловски.
Извор : vesnik-ilinden.com
Мисајловски: Поголема безбедност за граѓаните преку унапредување на соработката со Европската Унија