Почетна ТехнологијаМинчев: Се надевам дека ВЛЕН ќе се вразумат, балансерот е затворена тема

Минчев: Се надевам дека ВЛЕН ќе се вразумат, балансерот е затворена тема

од nenad
1 минути читај за

-Најмалку имам намера да провоцирам еден од нашите коалициски партнери. Исклучиво спроведуваме закони, а еден од принципите на кои е склучена оваа коалиција е и почитување на законите. Јас само спроведувам закони. Во Законот за вработените во јавниот сектор децидно пишува дека алатката балансер се применува исклучиво за граѓаните што живеат на територијата на Република Македонија, а тоа е резидентното население во согласност со податоците од последниот попис. Јас се надевам дека колегите од ВЛЕН ќе се вразумат, ќе потрошат повеќе внимание на читање на постојните закони и ќе се посветат на спроведување на овие закони, а нема да се занимаваат со дневно-политички теми – рече министерот Минчев.Тој нагласи дека основната заложба на оваа Влада е етничкиот предзнак да не биде принцип за вработување, на што допрва ќе работат.

   

-Мислам дека е дојдено време во администрацијата да се вработуваат луѓе врз база на знаење, на квалитет, со цел да имаме силна ефикасна и добра јавна администрација. Но, тоа е второто начело, првото е да имаме квалитетни закони, токму овие за кои денес разговараме, а за кои исклучително важно е да бидат применливи, да бидат системски закони. Ако го постигнеме ова, тогаш можеме да разговараме за втората фаза за добра и квалитетна администрација врз база на знаење и квалитет – рече Минчев.Тој денес извести дека ги повлекол од собраниска процедура предлог-законот за административни службеници, предлог-законот за вработени во јавниот сектор, и предлог-законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.