Новогодишната кошница имаше листа од речиси 1200 производи, каде што беа намалени за 10 отсто. Сите овие намалувања завршуваат денес, а од Министерството за економија се пофалија со намалување од само 0.3 отсто. Според Државниот завод за статистика од податоците за Индекси на трошоците на животот и на цените на мало за декември се забележува дека инфлацијата во 2024 година споредено со 2023 година изнесува 3,5% како што беше и проектирано. На месечно ниво пак во декември 2024, споредено ноември 2024 година инфлацијата изнесува 0,3% Податоците на статистика покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалоци изнесува-0,3%.
Министерството за економија се пофали со намалување на цените од 0,3 отсто
21