28
Денеска министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани.
На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста.
Посебен акцент на средбата беше ставено на целосното профункционирање на заедничката контрола на граничниот премин Ќафасан.
Post Views:
101
Извор : vesnik-ilinden.com