Пејачката го запознала Н. М. преку пријател, при обид да купи автомобил, а врската подоцна резултирала со дете и јавен скандал
Милица Тодоровиќ го запознала својот сегашен партнер Н. М., со кого неодамна доби син, преку заеднички пријател, откриваат српските медиуми. Средбата се случила кога пејачката сакала да купи автомобил, а Н. М. се занимавал со продажба на возила. Тогаш, според изворите, меѓу нив се родиле симпатии кои подоцна прераснале во љубовна врска.
По информациите дека партнерот на Тодоровиќ е всушност оженет, за медиумите се огласила и неговата законска сопруга Љ. М., која ја изнела својата верзија на приказната. Со тоа, вниманието на јавноста дополнително се насочило кон приватниот живот на пејачката, а деталите за врската почнале постепено да излегуваат на виделина.
Поврзани објави
Близок пријател на двојката за медиумите изјавил дека Н. М. ѝ рекол на пејачката дека неговиот брак е несреќен и дека е во процес на развод, во што таа поверувала. Поради семејната ситуација, тие се гледале тајно, а вистината излегла на виделина кога сопругата дознала за врската. Разводот, како што се наведува, сè уште не е реализиран поради заеднички стекнат имот и финансиски несогласувања.
Поради новонастанатата ситуација, Тодоровиќ се обратила до јавноста со официјално соопштение, нагласувајќи дека нејзиниот единствен фокус во моментов е детето и сопственото закрепнување. Таа апелирала да престанат шпекулациите и непроверените информации, истакнувајќи дека мирот е најважен за „еден мал живот кој штотуку започнува“.
printskrin youtube – blic tv – milica todorovic