Почетна ТехнологијаМилевски на претпоследниот прес како селектор: Ја почитуваме Летонија, не треба да нѐ залажува првиот меч во Рига

Милевски на претпоследниот прес како селектор: Ја почитуваме Летонија, не треба да нѐ залажува првиот меч во Рига

од nenad
2 минути читај за

Table of Contents





Во пресрет на утрешниот натпревар (20.45 часот) против Летонија од петтото коло во групата од Лига на нации, прес-конференција одржаа селекторот на македонската фудбалска А репрезентација, Благоја Милевски и голманот Столе Димитриевски.

– Максимален респект за Летонија. Воопшто не треба да нѐ залажува резултатот од првиот меч, одиме максимално, одговорно кон нов добар резултат. Имам потенцирано многу пати дека овие момци, без разлика што им се случува во клубовите, повреди, натпреварувачка форма која е лоша, кога доаѓаат за репрезентација даваат 100%. Нивниот карактер како играчи, но и како личности се перфектни и тоа им помага кога доаѓаат на собир на репрезентација да бидат на највисоко ниво. Тоа што им се случува во клубовите не е во наша моќ, но по она што го покажуваат во репрезентацијата јас имам само пофални зборови – вели Милевски.

Во првиот меѓусебен натпревар нашите најдобри фудбалери во Рига славеа убедливо со 3:0.

– Секој си има план и подготовка. Спремни сме на сѐ она што не очекува околу утрешниот противник. На нас самите е да одиграме. Ме радува што за нештата сами одлучуваме. Морам да го истакнам задоволството од она што го видов како информација на терен што се однесува до новите фудбалери во тимот. Имаат потенцијал за да бидат дел од овој тим – се зборовите на селекторот Милевски.

Македонија е моментно првопласирана во групата 4 од Ц сегментот со 10 бодови, пред Ерменија и Летонија со по четири, а три има Фарски Острови.

– Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста мрежа, ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за утрешниот меч – рече голманот на репрезентацијата, Столе Димитриевски.



Може да ве интересира и...