Милан Станковиќ откри писмо од обожавателка – сите во шок
Милан Станковиќ ги изненади фановите на Инстаграм кога објави емоционално писмо од својата фаза на најголема слава. Писмото, напишано на колаж полн со негови фотографии, е од обожавателка која не само што му се восхитува, туку и отворено му го нуди својот телефонски број.
Чао Милане, јас сум Ана и твој голем обожавател. Прекрасен си, фризурата ти е одлична, а гласот неверојатен… Еве ти го мојот број, јави ми се некогаш,“ стои во дел од пораката која го насмеа и изненади пејачот.
Со оваа објава, Станковиќ потсети на времето кога беше вистинска „ѕвезда на Гранд“.
Поврзани објави
Инаку, Милан моментално ужива на одмор во Црна Гора, каде што, спротивно од неговите духовни објави од манастирите, сега споделува моменти од морето и одморот на јахта. Следбениците на социјалните мрежи беа изненадени од ваквата смена на атмосфера.
На снимките се гледа како се релаксира под тивка музика, додека плови со јахта и апсорбира сонце и мир. Без разлика дали е во манастир или на море – Станковиќ очигледно знае како да го живее животот на свој начин.
printskrin Youtube – amig show milan