Почетна ЕкономијаМЗ: Констатирани неправилности од две комисии за надзор над работата на Стоматолошката комора

МЗ: Констатирани неправилности од две комисии за надзор над работата на Стоматолошката комора

од nenad
1 минути читај за

По повод денешната конференција за медиуми на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш нагласува дека решението е донесено темелено врз докази, аргументи и вклучување на сите релевантни чинители во процесот.

Според денешното известување од Министерството за здравство, одлуката е исход на долготрајна и темелна анализа спроведена од повеќемина експерти.

“Потсетуваме дека на овој процес претходеше времена мерка изречена од Уставен суд, а потоа и конечна одлука од истата институција со која се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија, а дополнително покрај времената мерка, Комората продолжила со континуираната едукација.”

Исто така, во прилог на оваа одлука е и записникот од Државната комисија за борба против корупцијата, стои во известувањето.

Министерството за здравство, како што се додава, имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работењето на Комората и “во двата случаи се констатирани неправилности на кои е укажано со законски рок за отстранување на истите, но, во законските рокови не е постапено од страна на Стоматолошката комора.”

“Потенцираме дека по извршениот надзор на првата комисија, формирана во 2024 година, воопшто не е постапено по препораките, односно во целост се неточни тврдењата дека комисиите “немаат утврдени неправилности во кој било сегмент од работењето во Комората”, додека втората комисија веќе дава јасни насоки до МЗ за утврдените неправилности, недостатоци и предлог за дејствија што треба да се преземат”, нагласуваат од Министерството за здравство.

Согласно констатираната фактичка состојба, по анализа на содржината на записниците и доставената документација, како и одлуката од Уставниот суд од 15.05.2024, “министерот одлучи времено да ги преземе надлежностите за лиценцирање, сè додека не воспоставиме систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално.”

Министерот Азир Алиу во саботата извести дека Министерството за здравство ги презема надлежностите за издавање лиценци на Стоматолошката комора.

Фото: МИА

Извор: МИА