“Исто така беше договорено во тек на овој период, министерот за здравство со Решение повторно да ја активира со работа Комисијата за изготвување пречистен текст на Колективниот договор за здравствената дејност на РМ, која ќе го доработи веќе започнатиот текст, каде меѓу другото ќе бидат усогласени и сите придобивки од потпишаниот Општ колективен договор за јавниот сектор”, известуваат од МЗ.

Оттаму, потенцираат дека министерот уште еднаш ја покажа својата поддршка на синдикатите, а за тоа, како што велат, сведочат и двете покачувања во текот на годинава.“Заедно во соработка со синдикатите придонесуваме за подобри услови на здравствените работници кои се столбот на здравствениот систем. Тие се во фокус на стратешкиот план на министерот за подобрување на здравствениот систем”, истакнуваат од Министерството за здравство.