Почетна ЕкономијаМерцедес размислува за нов правец: можна вклученост во одбранбената индустрија

Мерцедес размислува за нов правец: можна вклученост во одбранбената индустрија

од nenad
1 минути читај за

Германскиот автомобилски гигант Mercedes-Benz разгледува можност за поширока улога во одбранбениот сектор, пренесуваат германските медиуми и 4news.mk.

Според изјави на претседателот на управниот одбор Ола Калениус за The Wall Street Journal, компанијата не ја исклучува идејата да ги примени своите инженерски и производствени капацитети и во други индустрии, вклучително и одбранбената.

Тој нагласи дека светските геополитички случувања ја зголемуваат неизвесноста и дека Европа има потреба од посилна безбедносна и индустриска подготвеност. Сепак, посочи дека примарната дејност на Mercedes ќе остане автомобилската индустрија.

Калениус додаде дека автомобилската индустрија веќе произведува сложени и прецизни системи, што потенцијално може да се искористи и во други технолошки сектори. Како пример ја наведе и G-класата, чии модифицирани верзии се користат во различни воени и безбедносни служби ширум светот.

Во поширокиот контекст, се споменува дека и други германски производители ја разгледуваат диверзификацијата. Volkswagen, според германските медиуми, исто така разгледува поголемо вклучување во одбранбени проекти, додека дел од нивните капацитети би можеле да бидат пренаменети за производство на компоненти за безбедносни системи.

Сето ова доаѓа во време кога европската автомобилска индустрија се соочува со предизвици, вклучувајќи намалена побарувачка, реструктуирања и најави за затворање на дел од производните капацитети.