Поранешната сопруга на Харис, Мелина, ужива во раскошот на Монако, влегувајќи и казино резервирано само за најбогатите.
По разводот од пејачот Харис Диновиќ, модната дизајнерка Мелина Диновиќ продолжува да живее во стил што привлекува внимание. Неодамна, таа беше забележана во Монако, како излегува од луксузен автомобил и влегува во едно од најексклузивните казина, достапно само за милионери.
Снимките што кружат на социјалните мрежи ја прикажуваат Мелина во елегантен стајлинг, со самоуверена насмевка и скапа чанта во рака. Нејзиниот изглед и присуството во вакво елитно место ја потврдуваат нејзината поврзаност со светот на луксузот.
Поврзани објави
Мелина, која по разводот се пресели во странство, често е тема на медиумите поради нејзиниот гламурозен животен стил. Таа активно работи на својата модна кариера и редовно присуствува на настани во елитните кругови.
Иако не е потврдено дали таа учествувала во игрите на среќа, нејзиното присуство во казиното предизвика бројни реакции и шпекулации во јавноста. Мелина продолжува да живее живот исполнет со луксуз и стил, далеку од очите на јавноста.
printskrin Youtube-k1 televizija