Почетна ПопуларноМбапе не сака ни да ја чуе понудата од С. Арабија

Мбапе не сака ни да ја чуе понудата од С. Арабија

од nenad
1 минути читај за
t

Француската суперѕвезда Килијан Мбапе не го интересираат пари и сака само да оди во Реал Мадрид и тоа веќе е јасно откако низа француски медиуми и новинари, меѓу нив и најугледниот „Л’Екип“, објавија вечерва дека извонредниот фудбалер одбил дури и да ја чуе понудата од Саудиска Арабија.
Претставници на Ал Хилал се дојдени во Париз за да го молат и да го убедат Мбапе да дојде во С. Арабија, за што се спремни да потрошат една милијарда евра, од нив 300 милиони евра за светски рекорден трансфер кон ПСЖ и 700 милиони за фудбалерот.
Арно ама, Мбапе не сака ни да ја чуе понудата, па одбил било каква средба со Ал Хилал и со ова обидот на Саудијците да го намолат Французинот пропаѓаат, а фудбалерот останува на ставот дека или ќе остане во ПСЖ до јуни 2024 година или ако се случи трансфер во обѕир доаѓа само – Реал Мадрид.

.