Иако сè уште не е познато дали ќе се впушти во светот на уметноста, едно е сигурно – наследството на кралот на рокенролот живее преку неа
Елвис Присли со причина на ја носи титулата „крал на рокенролот“. Неговиот глас, енергичните настапи и харизмата ја обележаа музичката сцена во 20. век, а неговите хитови останаа вечни и се слушаат и денес.
Иако живеел живот исполнет со слава и успех, сепак, имал и тешки моменти. Присли починал во 1977 година, но неговото наследство живее преку музиката и семејството што го оставил зад себе.
Единствената ќерка на Елвис, Лиза Мери Присли, го наследила не само неговиот талент туку и товарот на јавниот живот. Нејзиниот живот бил полн со предизвици, а трагично починала во 2023 година.
Лиза Мери има четири деца, син Бенџамин, кој, за жал, почина прерано, ќерка Рајли Кио, позната актерка и музичарка и близначките Финли и Харпер Локвуд (16).
Поврзани објави
Иако Рајли има изградено успешна кариера во светот на филмот и музиката, вниманието на обожавателите сè повеќе го привлекува нејзината помала сестра Финли, која многумина сметаат дека најмногу личи на својот славен дедо.
Иако Финли и сестра ѝ Харпер најчесто не се во центарот на медиумското внимание, повремените нивни видеа и фотографии откриваат дека Финли неодоливо потсетува на Елвис. Нејзината руса коса, насмевката и погледот потсетуваат на некои минати времиња, кога кралот на рокенролот ги освојуваше срцата на милиони луѓе ширум светот.
Повремено споделува детали од приватниот живот на социјалните мрежи, но сè уште нема зборувано јавно за евентуална музичка или актерска кариера. Но со такво семејно наследство, сè е возможно.
И додека Рајли Кио ниже успеси на црвените килими, Финли Локвуд е тивката наследничка која го носи духот на Елвис на свој начин.