Почетна ВестиМајка го пријавила синот во полиција поради агресивно однесување

Мајка го пријавила синот во полиција поради агресивно однесување

од nenad
0 минути читај за




Неготинец бил агресивен кон мајка си, информираше денеска Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Утринава во 04.45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.П.(37) од Неготино, затоа што во дворот од семејната куќа во Неготино се однесувал агресивно и ја вознемирувал својата мајка, појасни Самарџиев.

   

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.