Почетна Убавина и здравјеМаја откри што никогаш не би му простила на сопругот! – Убавина и здравје

Маја откри што никогаш не би му простила на сопругот! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката е синоним за стабилен брак

Браковите кои траат со години, па и со децении, деновиве пукаат како балони. Маја Беровиќ откри низ што никогаш не би поминала во бракот.

Пејачката е синоним за стабилен брак, а за истиот ги открила и совети кои го сочувале, но и прокоментирала што би им порачала на колегите кои моментално се во процес на развод.

„И двете се многу тешки. Не постои рецепт за успешен брак, едноставно мора да има разбирање, љубов пред се и компромис. Тоа се три работи кои ги сметам за многу важни. А советите за развод – баш и не сум погодна за советување и не дај Боже да скршнам од сегашната патека“, истакна музичката ѕвезда.

Потоа откри што никогаш не би му простила на Ален:


Поврзани објави

„Го сакам пред се како маж, не можам да кажам дека простувам, но му прогледувам низ прсти. Никогаш не можев да простам изневерување, тоа е нешто што не може да се прости“.

Маја смета дека тие што еднаш раскинале не треба да се помируваат.

„Ако нешто е завршено не треба повторно да се составува. Кога нешто ќе се скрши, како може да биде исто како пред тоа, колку и добро да го составите?“, таа рече.

Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: