Група инвеститори предводени од милијардерот и политичар во обид Илон Маск, денеска понудиле 97,4 милијарди долари за купување на непрофитната организација која има контрола над „ОпенАИ“, креаторот на популарниот бот со вештачка интелигенција „Чет џи-пи-ти“, објави „Вол стрит џурнал“. Понудата, која била поднесена до одборот на директори на „ОпенАИ“ денеска, ја интензивира битката на Маск со извршниот директор на компанијата, Сем Алтман.
„Време е OpenAI да се врати на силата со отворен код, фокусирана на безбедноста за добро, како што некогаш беше“, изјави Маск преку неговиот адвокат Марк Тобероф, кој ја поднел понудата, според американскиот весник.
Алтман експресно одговори на понудата преку објава на „Икс“, социјалната мрежа во сопственост на Маск.
„Не, благодарам, но ние ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“, напиша Алтман.
Понудата е поддржана од компанијата за вештачка интелигенција „ИксАИ“ на Маск, како и повеќе фирми за ризичен капитал. „ОпенАИ“ беше ко-основана од Алтман и Маск во 2015 година, како добротворна организација. „ОпенАИ“ во 2022 го разви и го лансираше популарниот „Чет Џи-пи-ти“.