Пејачката Марија Шерифовиќ откако стана мајка, речиси целото свое време му го посветува на синот Марио. Таа и понатаму внимателно ја чува неговата приватност, но понекогаш споделува моменти кои ги разнежнуваат нејзините следбеници.
На својот Инстаграм профил, Марија објави кратко видео од разговор со малиот Марио, кое за кратко време привлече огромно внимание. Во снимката таа му поставува нежни прашања, а неговите преслатки одговори ги воодушевија фановите.
„Дали си ти моето срце?“, „Дали си ти моето сонце?“ и „Дали си ти мојата љубов?“ – го прашува пејачката, а малиот Марио со воодушевување одговара: „Да!“.
Објавата Марија кратко ја опиша со зборот „Мое“, а под видеото веднаш се појавија бројни емотивни коментари.
Поврзани објави
Посебно внимание привлече и пораката од Верица Шерифовиќ, која напиша дека тие се нејзините „две срца и две најголеми љубови“.
printskrin youtube -telegraf.rs tv serifovic