Познатиот естраден менаџер Саша Мирковиќ повторно се најде во центарот на вниманието по физичкиот напад пред загрепскиот хотел, каде што бил претепан од својот колега Велибор Поповиќ.
Инцидентот резултирал со скршена рака, по што Саша Мирковиќ беше подложен на операција.
Инаку, Мирковиќ е познат по тоа што често отворено ги критикува јавните личности, па дури и своите најблиски соработници. Во неговата долга кариера соработувал со бројни ѕвезди од регионот: групата Магазин, Борис Новковиќ, Влада Калембер, Тоше Проески, Жељко Јоксимовиќ, Јелена Карлеуша, Здравко Чолиќ, Аца Лукас и други.
Еден од неговите најголеми професионални успеси беше улогата на шеф на делегацијата на Србија на Евровизијата во Хелсинки 2007 година, кога Марија Шерифовиќ победи со песната „Молитва“.
И покрај тој успех, односите меѓу него и Шерифовиќ се влошиле. Во едно интервју, тој откри што ја нарушило нивната комуникација:
Не сакаше да настапи на концертот на Тоше Проески во Скопје, иако беше најавена. Мислеше дека е поголема ѕвезда од него. Кога Тоше почина, ме повика да праша дали ќе одиме на погребот. Ја нареков лицемер и ѝ ја спуштив слушалката.“
Со Аца Лукас имал сериозни недоразбирања и дури поднел неколку тужби против него. И покрај тоа, во 2023 година организираа заеднички концерт во Штарк Арена пред 20.000 луѓе и сè уште соработуваат. Мирковиќ во емисијата „Претрес“ изјави:
Лукас прокоцка цело маало. Само кога ќе му се изнавикам, престанува. Дури и кога беше во Швајцарија на лекување од зависност, успеал да ги убеди докторите да му уплатат ливче.“
Во 2022 година, беше вмешан во скандал со Ана Николиќ, која јавно го обвини дека ѝ ја презел контролата врз социјалните мрежи и дека ја уценувал. Таа тогаш напиша:
Поврзани објави
Ова е нечовек што мисли дека сум му јас Аца Лукас! Но не сум! Лично ми ја украде шифрата од Инстаграм. Манипулираше до пред неколку дена. Немам кому да му се пожалам освен на Александар Вучиќ – вака јавно!“
По оваа објава, во јавноста се појави и приватно видео од Ана Николиќ, каде што се гледа нејзиното лице со видливи повреди.
Иако нивната комуникација тогаш беше на најниско ниво, денес тие повторно се во добри односи. Заедно беа во Загреб пред најновиот инцидент, а Мирковиќ објави видео со Ана на Тикток со пораката „растури“.
Ана Николиќ и Саша Мирковиќ открија детали за крајот на првата соработка: „Ме остави на бензинска пумпа“
Гостувајќи во емисијата на Огњен Амиџиќ, пејачката Ана Николиќ и менаџерот Саша Мирковиќ споделија досега непознати детали за нивната прва деловна соработка, која завршила по само 24 часа.
Мирковиќ раскажа дека дошло до конфликт по настапот на Ана во Скопје, кога на возачот што ја враќал за Белград му наложил да сврати во Ќиќевац за да преземе нешто. Но, Ана остро реагирала.
Возачот ја возеше назад за Белград, а јас му се јавив да сврати до Ќиќевац за да земе некои работи. Таа полуде и му рече: „Прво мене однеси ме до Белград, па потоа оди кај сакаш“ – изјави Мирковиќ.
На тоа се надоврза и Ана Николиќ:
Така беше… Бидејќи не сакаше да ме однесе до Белград, ме остави на бензинска пумпа. И така заврши нашата соработка“.
Иако нивниот прв обид за соработка завршил бурно, денес се во добри односи и повторно професионално соработуваат.
Ова се само некои од бројните контроверзии што го следат Саша Мирковиќ – човек што истовремено е познат и по своите професионални успеси и по серијата јавни конфликти.
Видео: Инстаграм