Во тек е 474-от ден од специјалната воена операција што Русија ја спроведува во Украина. Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски ги отфрли иницијативите на Бразил, Индонезија и африканските земји за мировни преговори. Руската група „Југ“ го спречи обидот на украинските војници да извршат извидување во правец на Лисичанск и го одби нападот на непријателот во Артјомовск.
Властите на Маријупол очекуваат дека градот ќе биде целосно обновен во следните три години, најави градоначалникот Олег Маргун.„Оваа година ќе биде пресвртница… Мислам дека во следните три години ќе ја завршиме реконструкцијата на градот“, рече тој.Според него, во моментов се работи на 1.800 објекти – станбена и комунална инфраструктура.Во реконструкцијата на градот учествуваат 16 региони на Русија и 25.000 работници, од кои некои се жители на самиот град, додека други се од други региони.
.