Селекторот на Италија, Роберто Манчини го прокоментира трансферот на Сандро Тонали од Милан во Њукасл велејќи дека не е добар знак кога од Серија А во странство заминува млад и квалитетен фудбалер.
Сандро Тонали е пред трансфер во Њукасл вреден околу 80 милиони евра, се очекува следната недела зделката и официјално да биде потврдена.
Роберто Манчини смета дека настапот во Премиерлигата ќе му помогне на фудбалерот да напредува, но додава дека Калчото има сериозен проблем штом млад и квалитетен фудбалер заминува.
„Од една страна сум разочаран, штом млад и квалитетен фудбалер како Тонали заминува од Италија, тоа е знак дека имаме сериозни проблеми“, вели селекторот на „аѕурите“.
„Но, од друга страна, тој ќе игра во Премиерлигата, ќе напредува и ова ќе биде убаво искуство за него“.
.