Почетна МакедонијаМанчев: Граѓаните имаа прилика и ни ја искажаа нивната визија за развој на Општина Босилово

Манчев: Граѓаните имаа прилика и ни ја искажаа нивната визија за развој на Општина Босилово

од nenad
0 минути читај за


Денес и вчера во Општина Босилово реализиравме  “Отворен ден за идеи”. Граѓаните имаа прилика и ни ја искажаа нивната визија за развој на Општина Босилово и конкретни предлози за реализација на проекти во идната 2023 година.На отворениот ден присуствуваа и советници од Општина Босилово,  Претседателот на Советот на општина Босилово,  Мито Андонов и пратениците во Собранието на Република Македонија Јадранка Поцкова и Ангелина Петкова.Општина Босилово останува отворена општина и секоја идеја, предлог и сугестија, во секое време е добредојдена.